Вести Македонија Топ вести

Обвинението за Мијалков во предметот Таргет – Тврдина застаре

Никој нема да одговара за прислушувањето, на екс директорот Сашо Мијалков ова му беше последен ден во судница. Делото му застаре денеска и тој последен пат е во судница за Тарегет.

По анализата на обвинителството, обвинителката денеска предложи да се примени поблагиот закон т.е. измените во Кривичниот закон се применуваат во делот за прислушувањето.

Таргет целосно застарува, а делот за Тврдина за уништување на опремата продолжува и ќе им се суди на Гордана Јанкуловска, на Тони Јакимовски, на избеганите екс разузнавачи Грујевски и Бошковски и уште една обвинета Валентина Симоновска.

Обвинителката Ленче Ристовска се произнесе за тоа како измените на Кrривичниот Законик влијаат на клучниот предмет на СЈО Таргет Тврдина.

Според она што го претстави во судница поблагите одредби од законските измени можат да се применат во делот на обвинението кое што се однесува на прислушувањето и тоа во целост застарува.

Тоа значи дека за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, судењето завршува. Ќе продолжи за дел од обвинението наречен Тврдина кое се однесува на уништувањето на опремата за прислушување што пак се случувало во 2015 година откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да ги објавува бомбите.

Тука се обвинети екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешните разузнавачи во бегство Горан Груевски и Никола Бошковски, а судењето ќе продолжи и за Тони Јакимовски. Конкретно Ристовска најави дека за правните квалификации ќе се произнесе во завршниот збор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе