Вести Македонија

Бугарите во Устав е мал пакет за кој не треба да се плати никаква политичка цена – Пендаровски во „Вин-Вин“

Најголемата опозициска партија во изминатите три години одбивање било што доаѓа од Софија, а кој во еден момент не значеше дека мора комплетно да ја прифатите нашата историја наратива. Второ, опозицијата во своите меѓународни настапи во Брисел, во ЕПП каде што се членки, никогаш не излегуваше во рамки на таа моќна групација како да се реши овој проблем, ниту бараше поддршка контра партијата на Бојко Борисов кој, исто така, е член на таа група, истакна претседателот Стево Пендаровски во вечерашното издание „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Значи, таму не се залагаа за нешто поинакво, полесно, за кое можеме да се договориме за некаков компромис, ниту овде во Скопје, според она што го знам од претходниот и сегашниот премиер, праќаа сигнали дека се подготвени да прифатат. Ова е минималистички пакет. Ако земеме во предвид што имавме предложено од Бугарија во Брисел пред три години – јазик и идентитет до 1944/45 и администрација, наместо окупација, и сега доаѓаме само да ги ставиме Бугарите во Устав каде што имаме шест-седум делови од народи и плус пет треба да бидат ставени, станува збор за мал пакет и никаква политичка цена која треба да се плати“, потенцира Пендаровски.

Како што нагласи, според негови извори и контакти, „ВМРО-ДПМНЕ дури ни за тоа не било подготвено да разговара“.

„Таа националистичка наратива, со организација на протестите лани, им носеше политички поени. И тие имаа само една работа во нивниот политички дискурс – наредните парламентарни избори и доаѓање на власт, Нивните лидери не го криеја тоа. Велат „ние ќе размислуваме за промена на уставот и за Бугарите внатре, прв да дојдеме на власт, па за тоа потоа“, рече Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе