Вести Македонија

Пендаровски во „Вин-Вин“: Година и половина се занимаваме со Бугарите, тоа е изгубено време

Јас сум единствениот од актуелната политичка гарнитура кој година дена наназад зборува дека, ако направевме проценка по изгласувањето на францускиот предлог во Собрание, немаме шанса да направиме две третини, а тоа се гледа прилично брзо при консултација со пратеничките групи во парламентот, истакна македонскиот претседател, Стево Пендаровски во вечерашната емисија „Вин-Вин“ на ТВ Телма за уставните измени и потребното двотретинско мнозинство.

„Во таков случај, тоа прашање ние требаше да го тргнеме на страна и многу повеќе да се занимаваме со реформите внатре. Меѓутоа владата реши поинаку. Од тогаш до денес, јас сум единствениот кој реалистично кажува дека не гледам никакво приближување на двата блока за да се дојде до таа фамозна бројка од 80. Денеска не сме поблиску до 80 од тоа што бевме пред два месеца или пред 12 месеци“, изјави Пендаровски.

Тој не смета дека треба да се откажеме, бидејќи тешко се приближуваат ставовите, но, според негово убедување, изгубивме страшно многу време, политички, занимавајќи се со прашањето наречено Бугарија и Бугарите во Устав.

„Златно време кое што можевме да го потрошиме и на други теми, а ова беше тема со која се отвораа и затвораа вести и дебатни емисии, затоа што ние како политичари ви го сервиравме тоа како тема. Навистина мислам дека изгубивме време за едно прашање кое е бенигно по својата содржина и јасно што ќе значи ако го направиме како чин и ги ставиме Бугарите во уставот, меѓутоа наместо да направиме приоретизирање на темите, ние, речиси, година и половина се занимаваме само со Бугарија и тоа е изгубено време“, смета Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе