Вести Економија Македонија Топ вести

Помоќните автомобили ќе поскапат за околу 1.000 евра – владата разгледува предлози за пресметка на данокот на моторни возила согласно нова метода

Цената на моќните возила би се зголемила за, отприлика, 1.000 евра, а кај волуменските возила, нема да има драстични промени во цената, брифираат извори за Телма. Меѓутоа сè ќе зависи за каков предлог ќе се донесе одлука, затоа што во игра се неколку опции. Во понеделник, во министерството за финансии, претставници на сите комори ќе одат на состанок, а во вторник ќе се разгледува на владина седница.

Во документот кој го доби Телма, се вели дека по сеопфатните дискусии за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и износите потребни за пресметка на данокот согласно новата метода, која произлегува од проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, финансии заедно со Царинската управа подготвиле два предлози, од кои во едниот се вметнати и сугестиите на дел од бизнис заедницата.

Исто така, предлог уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила ќе биде ставена на дневен ред на владината седница која треба да се одржи во вторник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агенцијата „Рубикон“ е затворена по пожарот во „Пулс“

Дејан Дејан

(Видео) Кос: Историски момент за обединување на Европа преку проширување, реформите се тешки, но неопходни

Дејан Дејан

Османи ги изнесе Адеми и Бектеши на кафе во Скопска Чаршија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе