Вести Македонија

Скинат громобранскиот систем на центарот за култура „Ацо Шопов“, оштетен и потпорен ѕид додека во Штип се гради првата катна гаража

Штип ќе ја добие првата катна гаража, но додека се гради, страда зградата на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Оштетен е потпорен ѕид, а прекинат е и громобранскиот систем, кој го штити Центарот за култура од удар на гром, бидејќи во централното градско подрачје, ова е еден од повисоките објекти, реагираше директорот, Горан Трајков.

Оштетувањата се направени од фирма која е ангажирана од Општина Штип за изградба на катна гаража. Трајков реагира дека правдата ќе ја бара во повисоките институции, бидејќи локалните инспектори не реагирале. Од штипскиот Основен суд бара времено запирање на работата. Досега на терен биле само од  Министерството за труд и социјална политика, кои откриле дека на катната гаража работат работници кои не се и осигурани.

Според Трајков, ова е чин на вандализам на една културна институција, тој бара ревидирање и стопирање на катната гаража, бидејќи според овие дупки ќе се затворат и влезовите за камиони за внесување на опрема за културно-уметничките настани.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов попладнево беше на лице место, за Телма вели дека штетата на зградата на Центарот за култура ќе се санира, а пак директорот на најголемата културна институција во регионот најави дека случајот со оштетувањето на зграда ќе го тера до крај.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе