Вести Економија Топ вести

Државниот Буџет наместо прибирањето на такси – „златна кокошка“ на локалната самоуправа

Локалната самоуправа мора да ги подобри капацитетите за наплата на даноци и прибирање на сопствени приходи, а градоначалниците мора да ги приспособат цените на услугите кон реалните и да се откажат од популистичките мерки. Ова е заклучокот од денешната презентација на ревизијата за тоа како општините ги прибираат сопствените приходи во време на криза или пандемија, која ја спроведоа врхoвни ревизорски институции од Полска, Словачка, Црна Гора, Албанија, Труција и Македонија.

Анализите добиени од истражувањето покажуваат дека во време на пандемија собирањето на изворни приходи на општините, односно даноци и такси се намалил за 15 отсто, а приходите од централната власт се зголемиле за 12 отсто.

Наплата на данокот на имот, кој е клучен во сопствените приходи, е доста низок, општините се потпираат на трансфери и дотации а јавните претпријатија се финансиски слаби. Општините треба да имаат поголеми компетенции и подобра контрола врз сопствените приходи. За професорот Треновски битно е да се прави контрола и мониторинг на квалитетот на услуги, и посочи дека мора да има корекција на економската цена на услугите која датира од минатиот век.

Анализатра на ревизорите покажува дека во општините многу малку се инвестира во капацитети и нивната надградбата, како и во функцииите и испораката на услуги кон граѓаните.

Според експертите и по 18 години од финансиската децентрализација, популизмот на градоначалниците и дотациите наместо прибирањето на данокот на имот, е клучниот проблем во финансиите на општините во државата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе