Вести Македонија Топ вести

Градоначалничката Данела Арсовска потврди дека има двојно државјанство

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска потврди дека има двојно државјанство, но тврди дека нема бугарско државјанство.

Арсовска во гостување на Инфомакс (веб портал каде од почетокот на мандатот постојано гостува на интервјуа) одговори на прашањето дали има двојно државјанство откако на изборите 2021-ва, СДСМ покажа документи дека таа има бугарско државјанство со адреса во Петрич.

-Јас имам и чешко државјанство, но тоа воопшто не е важно, рече таа по се почестите повторувања на информацијата за нејзино двојно македонско и бугарско државјанство.

Арсовска не објасни како го добила чешкото државјанство. Таа на почетокот на мандатот како градоначалник на Скопје се откажа од титулата почесен конзул на Унгарија, дипломатско звање кое и беше доделено од владата на Орбан и врачено од унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто при отварање на почесниот конзулат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе