Брзото и нетранспарентното носење на измените на КЗ е главната забелешка на првите луѓе на судскиот и обвинителскиот совет. Министерството за правда не ги консултирало ни овие две институции иако досега се барало од нив мислење за законите од правосудството. Не беа анализирани последиците и ефектите од законските измени вели претседатлеот на Судски совет Сашко Георгиев.
– Во целата состојба сме сведени на ситуација каде што судиите се должни да го почитуваат законот таков како што, но без претходно да се анализираат сите евентуални последици, врз основа на аргументирани состојби, на конкретни предмети. Мислам дека тука Советот треба да учествува со свое мислење и свој анализи, изјави Георгиев.
Претседателот на советот на јавни обвинители смета дека измените требало да се носат потранспарентно и со вклученост на практичарите кои го применуваат законот. Како ќе се одразат овие измени на работата на обвинителите Јолевски смета дека одговор треба да дадат од јавното обивнителство каде се работат предметите.
Три недели од носењето на законските измени со кои драстично се намалија казните за делта кои нјчесто се гонат функционерите, од обвинителството се уште не е закажан проширениот колегиум на кој треба да се се разгледуваат евентуални проблеми од примена на законот во конкретни предмети.
– Ние како Совет немаме надлежност во тој дел, односно по конкретни предмети не постапуваме, постапуваме само по претставки и поплаки и увид во тековните предмети не вршиме. Затоа треба Јавниот обвинител на РС Македонија да се произнесе дали и колку ќе ги погодат ваквите измени, дали ќе ги погодат или пак, ќе придонесат кон некаква друга состојба. Анализата треба да ја направат тие, изјави Антиони Јолевски, претседател на Совет на јавни обивнители.
Недостатокот на судии и јавни обивнители, кадар и финансии се заеднички проблеми со кои се соочуваат двете фели и се дел од проблемите нак кои ќе бараат решение Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Георгиев и Јолевски дека денеска потпишаа меморандум за соработка.
Елена Ивановска Мукоска