Вести Свет

Бројот на загинати во поплавите во Грција се искачи на 12

Безживотното тело на маж, пријавен за исчезнат, утрово било пронајдено од спасувачките екипи, со што бројот на загинати во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“, се зголеми на 12 лица, а се трага по петмина.

Во погодените подрачја и денеска продолжува акцијата за спасување и евакуација на граѓаните заглавени во поплавените населени места.

Доцна синоќа во близина на Лариса се превртија два спасувачки чамци со осум лица, меѓу кои четворица пожарникари и четворица спасени граѓани, меѓутоа биле веднаш пронајдени и не се повредени.

Поради поплавите и денеска е затворен автопатот меѓу Атина и Солун во двата правци. Медиумите во Грција коментираат дека Тесалиската низина, најпогодена од поплавите, е еден од поважните земјоделски и економски региони во земјата и носи пет отсто од БДП.

Подрачјата погодени од поплавите утрово ќе ги посети претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, додека пак вечерва грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повторно ќе биде во областа Тесалија од каде што се очекува да ги соопшти мерките за поддршка на погодените.

Бројот на жртви од поплавите во Грција, Бугарија и Турција се искачи на 15

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе