Вести Македонија Топ вести

Обвинение против две лица за грабнувањето на внукот на Љубе Бошковски

Поднесено обвинение за две лица кои се поврзуваат со грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Едно од лицата е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање.

Основното јавно обвинителство води постапка и за трето лице кое во моментов не е достапно за органите на прогонот.

Според обвинението првообвинетиот на 3 март годинава, заедно со лицето, кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, го грабнале Самоил, со закана дека ќе го убијат.

„Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми“, соопшти Обвинителството.

Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, односно тој им го позајмил автомобилот со кој се превезувале додека го извршувале кривичното делот.

Со поднесувањето на обвинението, се бара од Основниот кривичен суд Скопје да го продолжи притворот за првоосомничениот, додека за помагачот се предлага куќен притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе