Вести Македонија

Пендаровски ги потпиша измените на КЗ

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, информираат од претседателскиот кабинет.

Додаваат дека со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот.

– Во тој дел, измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела, се вели во текстот до медиумите.

Претседателот Пендаровски очекува мерката проширена конфискација на имот да не остане само на хартија како што е досега, туку многу почесто да бидеприменувана во пракса и во сите случаи на констатирани злоупотреби во вршењето на службата, незаконски стекнатата имотна корист и злоупотребените средства да бидат вратени во буџетот, велат од неговиот кабинет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе