Поранешниот лидер на „Гордите момчиња“ Енрике Тарио е осуден на 22 години затвор за организирање на нападот на американскиот Капитол од 6 јануари 2021 година. Ова е највисоката затворска казна изречена за нападот, што се случи во време кога пратениците ја потврдуваа изборната победа на претседателот Џо Бајден по изборите во 2020 година. Немирите започнаа како поддршка на тогашниот претседател Доналд Трамп, кој сè уште негира дека изгубил и им ветува помилување на речиси сите бунтовници доколку биде реизбран за претседател на изборите в година.
Триесет и деветгодишниот Тарио не бил во Вашингтон за време на немирите, но помогнал во организирањето на неговата екстремно десничарската група. Тарио беше осуден во мај за бунтовнички заговор, обвинение од ерата на граѓанската војна и повеќе други точки од обвинението. Тој е во затвор од неговото апсење минатата година. Неговиот адвокат, кој најави дека наскоро ќе поднесе жалба на судската пресуда, го бранеше Тарио како „нинџа на тастатура“ и „заблуден патриот“ кој нема намера да ја собори владата.
„Иако ја почитуваме судската пресуда, со сета почит, не се согласуваме. Но, ние ја почитуваме. Ќе дојде ден и време кога ќе дојде жалбата и очекуваме жалбите наскоро да пристигнат. И кој и да се справи со прашањата што се појават, и ние ќе ги поднесеме во догледно време“, рече Најиб Хасан, адвокат на Енрике Тарио.
Обвинителите препорачаа казна затвор од 33 години, што е најдолгата предложена затворска казна од обемната истрага на Министерството за правда за немирите, во кои досега беа уапсени и обвинети повеќе од 1.100 луѓе. Обвинителите го опишаа Тарио како „природно харизматичен водач“ и „вешт пропагандист“ кој беше „главниот организатор“ на бунтот. Судијата рече дека тој помогнал да се повикаат околу 200 мажи и им овозможиле на бунтовниците да влезат во зградата.
„Енрике Тарио разговараше со судијата во свое лично име и рече дека му е жал што не направил повеќе за да ги запре наредите, но не се извини за делото за кое е осуден. Тој и неговите адвокати одамна кажаа дека бунтот сам по себе бил спонтан и дека немало план да се нападне Капитол тој ден“, рече Линдси Витехурст, аналитичар.
Тарио беше национален лидер на групата „Горди момчиња“, која е основана во Њујорк во 2016 година, а членовите екстремни десничари за себе целат дека се клуб за пиење само за мажи. Тие се пешадијата на Трамп, често вклучена во улични судири со екстремно левичарски антифашистички активисти.
Билјана Ставрова