Вести Македонија

Кој и со што го загрозува здравјето на жителите на скопското село Батинци?

Наместо бистра вода во скопското село Батинци тече црна река која шири неподнослива миризба во селото. Жителите велат дека ова не е првпат и обвинуваат дека темната течност доаѓа од депонијата Дрисла.

Со гласни повици до надлежните за лоцирање на виновникот. Жителите на Батинци бараат во најкус можен рок да завршат анализите кои ќе им одговорат кој и со што ги труе години наназад. Тврдат дека ова сериозно се одразува на нивното здравје.

-Јас сум роден овде и целиот живот живеам тука. На главна улица има околу 100 куќи во кои починаа 24 луѓе, а 9 луѓе се сега заболени од канцер. Од починатите имаше две девојчиња од тринаесет и петнаесет години, вели Сених Браховиќ, жител на Батинци.

По нивните последни поплаки Државниот инспекторат за животна средина вчера земал мостри и сега трае истрагата која треба да ги потврди или отфрли обвинувањата за Дрисла. Од Инспекторатот за Телма велат анализите ќе се готови наредната недела.

Пред две недели жителите на Батинци излегоа на протест во кој бараат или депонијата да работи по современи услови или да биде затворена. Но, од Дрисла одговорија дека тие работат според закон.

Жителите на Батинци и околните села се децидни дека нема да се откажат. Најавија нови протести за наредната недела.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе