Не е дојден моментот за продолжување на седницата за уставни измени. Собранието почна нова седница, но продолжението на оваа останува неизвесно. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ, уверени дека власта нема дво-третинска поддршка, бараат да се гласа веднаш.
Но, спикерот Талат Џафери е непопустлив – ќе се гласа кога тој ќе процени дека условите се исполнети.
18 дена по завршувањето на расправата, останува неизвесно дали и кога ќе се гласа за отварање на Уставот. ВМРО ДПМНЕ бара веднаш, а спикерот Џафери го нагласува дискреционото право тој да го одбере вистинскиот момент. Во собраниската сала тој објасни дека самиот ќе оцени кога се исполнети условите за тоа, иако опозициската партија е уверена дека условот е исполнет со присуството на повеќе од 80 пратеници.
Едната и другата страна се повикуваат на различни делови од Деловникот, но и кога цитираат ист член – различно го толкуваат: може или мора да се свика седница.
Расправата по Предлогот на Владата во Уставот да се додадат шест делови од народи, меѓу кои и бугарскиот, почна и заврши во еден ден. Процедурата може да продолжи ако Предлогот добие најмалку 80 пратенички гласа. Тоа е невозможно без гласовите на ВМРО ДПМНЕ, која е непоколебливо против.
Соња Николовска
https://youtu.be/BkbeoKhlmxc