Вести Македонија Топ вести

(видео) Гужвите пред Онкологија нема да се намалат – Клиниката очекува нови 5000 пациенти до крајот на годината

Гужвите пред онколошката клиника во Скопје нема да се намалат. Пациентите и натаму ќе чекаат да ја примат терапијата, бидејќи од 2017-та година двојно е зголемен бројот на болни од канцер во земјава.

На Клиниката годинава ќе се урне рекордот во прием и прегледи на нови пациенти. Според статистиката направена во оваа институција, се очекуваат нови 5.000 пациенти, што ќе го зголеми обемот на прегледи и вкупно ќе има над 90.000 прегледи заедно со веќе постоечките пациенти на Онкологија. Ова го тврди директорката д-р Виолета Клисаровска, која објасни дека работат со истиот персонал и во истиот простор, како и пред 2017-та година, кога немало толку многу пациенти.

Клисаровска вели дека има нова современа терапија која го продолжува животот, но бројот на пациенти, за жал се зголемува. Затоа кај нас не може да постои „Мој термин“, затоа што со огромен кванитет, се губи квалитетот, кој и да менаџира во овие услови, вели д-р Клисаровска.

  • Затоа кај нас има по стотици пациенти, и невозможно е да се прегледаат во термин, затоа мораат да причекаат, додава Клисаровска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе