Вести Свет Топ вести

По пожарите, Грција се бори и со катастрофални поплави

Грчките пожарникари некако успаја да се справат со пожарите на североистокот од земјата, но за тоа голем дел помогна поројниот дожд кој од вчера не престанува да врне.  Големиот пожар во шумските подрачја во регионот на Дадија, во близина на грчко-турската граница се речиси целосно изгаснати.

Но, со најавеното пристигнување на невремето „Даниел“, експертите очекуваат нови проблеми во вид на поплави, лизгање на земјиштето и пад на мрежата на електрична енергија.

Поголеми штети се очекуваат на островот Евиа, каде големите пожари пред две години го оставија земјиштето без природна заштита од вода и кал.

Бирото за цивилна заштита предупреди од „поројни дождови, невреме, град, електрични празнења и голем пад на температурата“ во следните неколку дена.

Се очекува најпогодени од невремето да бидат регионите Тесалија во централна и Пелопонез на југот на Грција.

Вакви невремиња се невообичаени за овој период од годината во Грција, затоа што најчесто се случуваат од октомври натаму. Според грчките медиуми, властите во земјата го зголемиле степенот на подготвеност во очекување дека до среда вечер ќе паднат околу 500 милиметри дожд на квадратен метар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

(Видео)„Марш за ангелите во Кочани“ – деветти собир за загинатите во пожарот во дискотеката

Дејан Дејан

Одржана хуманитарна изложба со миленичиња, собраните средства наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе