Шумскиот пожар во Еврос, на северот на Грција што беснее повеќе од 10 дена, уништи област поголема од Њујорк, соопшти Службата за климатски промени Коперник, поддржана од Европската унија.
Пожарот започна во близина на градот Александрополи, брзо се прошири низ регионот на Еврос, а загинаа најмалку 20 луѓе минатата недела што го птави најсмртоносен пожар во Европа ова лето. Уништена е прирадата, а изгореа и домови на тамошните жители.
Службата за управување со вонредни состојби Коперник објави дека пожарот опустошил најмалку 808,7 квадратни километри, споредувајќи ја површината зафатена со пожар со Њујорк, што се простира на 778,2 квадратни километри.
Се претпоставува дека сите загинати освен еден се илегални мигранти кои ја преминале границата меѓу Турција и Грција и успеале да ја избегнат полицијата. Властите стравуваат декакога ќе стивне огнот може бидат откриени повеќе тела, бидејќи Еврос е популарен премин кон ЕУ за илјадници мигранти.
На помош на грчките пожарникари им се приклучија колегите од од Србија, Словачка, Чешка и Албанија.
Летните шумски пожари се вообичаени во Грција, но владата вели дека екстремните временски услови кои научниците ги поврзуваат со климатските промени ја влошиле состојбата оваа година.
Во 2018 година во најсмртоносниот пожар во Грција загинаа 104 луѓе.