Вести Свет

Унгарија планира од 16 септември да забрани увоз на украинско жито

Унгарија планира од 16 септември да го забрани увозот на украинско жито со цел да ги заштити своите земјоделци, изјави денеска унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.

Доколку Европската унија не ја продолжи забраната за увоз на украинско жито во Европа пред истекот на мерката на 15 септември, Унгарија ќе забрани 24 производи врз кои првично влијаеја мерката на ЕУ, место четирите што во моментов се забранети, рече тој.

Пет членки на ЕУ од Централна Европа побараа од Брисел да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито по 15 септември, потсетува Бета.

Полска, Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка бараат забраната за четири украински производи: брашно, пченка, семе од репка и семки од сончоглед, да остане и по истекот на рокот, а тие да можат транзитно да се извезуваат низ овие земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе