Вести Свет

Песков: Лага е дека Кремљ е вмешан во смртта на Пригожин

Обвинувањата дека Кремљ е вмешан во смртта на водачот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин се „целосни лаги“, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Не само на Западот, туку и во Русија многумина веруваат дека Кремљ стои зад уривањето на авионот во кој наводно летал и Пригожин. Песков пред новинарите кажа дека има „многу шпекулации“ за авионската несреќа, но предупреди дека во случајот сите треба да се водат според фактите, кои сѐ уште се утврдуваат.

Песков одби да открие дали Кремљ има потврда дека Пригожин бил во авионот. Тој, исто така, изјави и дека е невозможно да потврди дали Путин ќе присуствува на погребот на Пригожин, затоа што распоредот на претседателот е целосно исполнет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовска ги донесе доказите во обвинителството – дојде со документи за еден предмет, а најави уште 150

Дејан Дејан

Бараат правда и медицинска заштита на повредените – роднините и пријатели на загинатите во „Пулс“ на нов марш во Кочани

Дејан Дејан

Воените инвалиди ја бараат ветената поддршка – велат дека институциите молчат за нивните барања, дописи и апели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе