Вести Македонија

Мелничарите се закануваат со поскап леб – Владата со интервентни мерки ги помага земјоделците производители

Мелничарите набавија суровина по преполовени цени и сега да одговорат како тие се оштетени. Ова го порача министерот за земјоделство од говорницата, осврнувајќи се најавите дека лебот ќе поскапи. Мелничарите се заканија дека основната храна ќе поскапи и истото го условија со државна помош. Се пожалија дека се целосно изложени на негативното влијание на берзите. Аргумент, кој за властите не е доволно уверлив.

 „Треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал покачување на цената на лебот на грбот на граѓаните, кога мелничката индустрија се снабди со драстично поевтина суровина оваа година. Затоа се овие наши изјави со целокупна обврска и одговорност, државната поддршка и помош да ја насочиме кон оние кои беа најмногу погодени. Тоа не е мелничката индустрија туку тоа се производителите.“ Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

За истото ова, претходно зборуваше и министерот за финансии и на иста линија како и неговиот колега од владата, се спротивстави на најавите од страна на мелничарите. Да не се зголемуваат цените шпекулативно, во време на криза – е пораката на министерот Бесими.

„Дали откупната цена на пченицата оваа година, во однос на лани е повисока кај нас?! Според информациите од Министерството за земјоделство – не е. Дали електричната енергија е поскапа? Според информациите коишто ги имаме, не е. Што се случило во меѓувреме, за тие да најавуваат поскапување на лебот?“ Фатмир Бесими – Министер за финансии

Денес, Владата на седница усвои три интервентни мерки за земјоделците. Три денари по килограм финансиска помош за производителите на пченица, 35 денари за килограм домат и 30 денари за краставици и пипер. 12 илјади денари по хектар за производителите на јачмен. Средствата се од интервентниот фонд на надлежните. Во меѓувреме, Телма денес побара изјава од Групацијата на мелничко пекарската индустрија, но безуспешно.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спорот меѓу Македонија и Бугарија не е толку комплициран за да не може да се реши вели италијанскиот амбасадор во Македонија

Дејан Дејан

Виктор Дулон-Виду: Во време на економска криза културата е прва на удар  

Дејан Дејан

Полицијата го одзела камипнчето со кое групата на Висар Ганиу истураше ѓубре пред Град Скопје, Ганиу ја оправдува постапката поради сметот кој го гледаат туристите во старата скопска Чаршија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе