Вести Свет

Не седам на две столчиња, како некои влади во регионов, порача Вучиќ по средбата со Орбан

Дека не седи на две столчиња, како што го обвинуваат критичарите, туку на едно, на српското, порача српскиот претседател Александар Вучиќ пред да замине од Будимпешта, каде имаше средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„На сите им велам едно и исто, ние имаме српско столче и јас се гордеам со српското столче, не ми е гајле за вашите столчиња, имајте две, пет, десет, не ми е гајле, ние го сакаме нашето столче, не ми треба туѓото, ама не клатете го нашето столче“, рече Вучиќ, додавајќи дека неговата политика е самостојна и независна Србија, Србија на европски пат, но со самостојна политика во која нема мешање од страна и друг да определува што ќе биде политиката.

„Па, погледнете ги, бре, луѓе некои земји од регионов, па на нив им одредуваат кој ќе им вари кафе во нивните Влади и тоа им звонат амбасадори на некои земји кои кај нас не смеат да се јават ниту да прашаат нешто, а таму се прашуваат за живот или смрт. Сакате ли тоа да го имате во Србија? Најдете такви послушници, најдете ги тие куклички кои кукларите ги држат на поводник и одберете такви. За три ипол години ќе имате претседателски избори, пред тоа ќе имате и други избори, па избере такви“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе