Вести Македонија Топ вести

ССМ ги земаа работите во свои раце, бараат намалување на платите на функционерите

Откако владата и пратениците не реагираа на бројните реакции и не си ги намалија платите, синдикатите ги земаа работите во свои раце. Денеска поднесоа до сите пратенички групи предлог за намалување на платите на функционерите за 78 отсто. Бараат итни измени на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во државата.

Ниту еден пратеник од позиција или опозиција не поднесе барање за измена на овој закон, затоа решивме ние, по бурните реакции што ги имавме дека треба да се врати пресметковната вредност на минималната плата, вели Трпе Деановски од УПОЗ.

Синдикалците се надеваат дека ќе им биде излезено во пресрет на барањето.

Мислиме дека ќе се најде некој херој меѓу пратениците кој ќе го прифати нашето барање, вели Деановски.

Сепак, ниту пратениците, а ни претседателот на собранието денеска не сакаа да го коментираат барањето. Џафери не дозволи прашање надвор од темата уставни измени, а пратениците велат дека се на одмор и за ова ќе с еизјаснат кога ќе се вратат и ќе го видат предлогот.

 

Одморот им е продолжен до последната недела на август, а првата наредна седница ќе биде закажана за 5-ти септември.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот – ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време

Дејан Дејан

Почина 20-годишен македонски државјанин во Ханиоти – спасувачите велат доживеал срцев удар по давење во морето

Дејан Дејан

Не почнавме од нула, почнавме од минус, сега сме стабилизирани – Мицкоски на Трибина во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе