„Благодарен сум на Северна Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина. Вкупно 15 земји веќе се приклучија. Му благодариме на премиерот Димитар Ковачевски за неговите лични напори за зајакнување на партнерството меѓу нашите земји“, напиша Зеленски на Твитер.
Пред три дена, преку заедничка декларација за поддршка на Украина, лидерите на Групата седум, ја потврдија непоколебливата посветеност на стратешката цел за слободна, независна, демократска и суверена Украина, во нејзините меѓународно признати граници, способна да се брани и да ја одврати идната агресија.
Безбедноста на Украина е составен дел на безбедноста на евроатлантскиот регион.