Трите Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување се ставени во функција за гаснење на пожар што изби попладнево во атарот на село Дебреште, во Општина Долнени, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од таму соопштија дека гори нискостеблеста деградирана шума и грмушки. Авионите, според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов направиле два прелета над опожареното подрачје, пришто значително ја намалиле силата на огнот уште првиот пат.
Вториот крак на пожарот, во меѓувреме, се спушта кон селото Кошино, но според последните информации е ставен под контрола, благодарение на прецизноста на Ер тракторите.