Вести Свет Топ вести

Француската премиерка на средба со парламентарните лидери- приоритет враќање на безбедноста

Француската премиерка Елизабет Борн се состана со партиските лидери од францускиот Сенат и Националното собрание за да разговараат за прашањата што произлегоа по неколкудневното насилство во земјата.

По серијата состаноци, Борн им рече на новинарите дека се покренати клучните прашања за градските политики, улогата на училиштата и родителската одговорност.

Борн истакна дека приоритет е враќањето на безбедноста и редот, а разгледани се и низа други прашања кои понатаму ќе се разговараат меѓу политичкото раководство.

Насилствата во земјата отпочнаа откако минатиот вторник беше застрелан 17-годишниот Нахел во париското предградие Нантер.

Гневот најмногу се манифестираше кај младите луѓе кои се свртија против полицијата, при што двете страни користат сè поагресивни тактики.

Просечната возраст на 3.354 лица уапсени во текот на изминатата недела беше 17 години, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе