Вести Македонија

Денеска се одржа четвртото издание на скопската парада на гордоста

Под мотото “Гласни и горди” денеска се одржа четвртото издание на скопската парада на гордоста. ЛГБТ лицата, нивните поддржувачи и невладините се собраа пред паркот жена борец спроти Собранието. Се пожалија на дикримининација и порачаа дека нема повеќе да се кријат и ќе бидат гласни за своите права. Насилната подрршка стигна од невладините.

Оние кои на своја кожа ја почувствувале дикриминацијата заради својата сексуална опредлба, вечерва од парадата кажаа дека ЛГБТ заедницата поминала низ многу тешки периоди и ќе помине и низ овој сега.

Нивната битка продолжува.

Парадата доби поддршка и од голем дел политичари, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерките за труд и социјална политика Јована Тренчевска и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Наспроти нивните гласни пораки на ЛГБТ, нивните поддршувачи и невладините за признавање на родот, МПЦ најави контра-протест за во четврток. На иста линија со цркавата се и две општини во државата, Струмица и Ново село, кои едногласно донесоа одлуки за признавање на само два рода машки и женски, и се спротивставија на предлог-законските измени за правно признавање на родот.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено рочиштето на кое Палевски требаше да продолжи со давање исказ

Дејан Дејан

Пронајдени седум мигранти во „хјундаи“ во близина на гевгелиско Мрзенци, приведен криумчарот

Дејан Дејан

Тензична јавна расправа за депонијата во Новаци 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе