Вести Свет Топ вести

Бајден: Не чувствувам дека напредок во односите меѓу САД и Кина, Блинкен заврши „пеколна работа“

Претседателот на САД, Џо Бајден, по средбите на Блинкен со високи функционери на Кина, оцени дека односите меѓу двете држави се на „вистинскиот пат“, како и дека американскиот државен секретар завршил „пеколна работа“. Сепак, последната негова проценка е дека за време на дводневните разговори не е постигнат напредок.

Кина и САД се договорија да го стабилизираат своето интензивно ривалство за да не се навлезе во конфликт, но не успеаја да направат некој голем пробив во меѓусебните односи. Кинескиот претседател Си Џинпинг го поздрави „напредокот“, откако се ракуваше со Блинкен на местото кое обично е резервирано за поздравување на шефовите на држави.

Највисокиот американски дипломат и кинескиот претседател ја истакнаа важноста од постабилни односи, бидејќи секој конфликт меѓу двете најголеми економии во светот ќе создаде глобално нарушување. Сепак, Кина го одби обидот на Вашингтон за обновување на воените канали на комуникација, а како пречка за тоа ги наведе американските санкции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе