Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: Имаме променет став на опозицијата за уставните измени, се отвора простор за членство во ЕУ

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски пред состаноците на партиското раководството за исходот од лидерската средба за уставните измени порача дека има променет став на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за ова прашање и оти е најпозитивно што се отвора простор конечно граѓаните да ја остварат втората стратешка цел – членство во Европската унија.

Во СДСМ по заседанието на Извршниот одбор, во тек е седница на Централниот одбор за начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по новите околности на политичката сцена од завчерашната средба на лидерите на двете партии.

-Се надевам дека секој ќе остане на својот  кажан збор на прес-конференцијата и соопштенијата што беа дадени и дека Северна Македонија ќе го продолжи евроинтеграцискиот пат преку усвојување на уставните амандмани, преку формирање на влада којашто ќе ги донесе, потоа ќе го доврши процесот на скрининг, ќе ги отвори поглавјата од првиот кластер, таа влада може и да затвори едно до две поглавја од првиот кластер и потоа таа влада, или техничка влада, меѓутоа сметам дека е подобро таа влада бидејќи таа ќе го има учеството на сите политички партии, да ги организира следните избори идната година и граѓаните да го кажат својот збор.  Меѓутоа, според мене, она што е најпозитивно е што се отвора простор граѓаните конечно да ја остварат втората стратешка  цел што ја имаме, а тоа е после членството во НАТО и зачленување во Европската унија, процес којшто сега е отворен за којшто има поддршка од сите земји членки на ЕУ, изјави Ковачевски, пред состанокот на Централниот одбор на СДСМ.

Тој рече дека е за поздравување, како што наведе, што има променет став на опозицијата во однос на претходниот дека нема начин да поддржат уставни измени поздравување.

-Овие состаноци доаѓаат по лидерската средба на која што имаме променет став на опозицијата, каде што јасно на прес-конференција после лидерската средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека за нив се прифатливи уставните измени што претходно не беа прифатливи  и изгласување  на  уставни амандмани со кои деловите од бугарскиот народ ќе бидат дел од нашата Преамбула на Уставот. Тоа е нешто што е навистина нов став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на претходниот што тие го имаа дека не постои никаков начин на кој тие би поддржале уставни измени и тоа е за поздравување, рече Ковачевски.

И јас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, наведе, бевме кристално јасни на прес-конференцијата, дека уставните измени за ВМРО-ДПМНЕ се првпат прифатливи – уставни измени со кои дел од бугарскиот народ ќе бидат дел од Преамбулата на македонскиот Устав и тоа е факт кој е кажан на прес-конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе