Претседателот на Србија, Александар Вучиќ поднесе оставка на лидерското место во неговата Српска Напредна Партија (СНП). Тој ова го кажа на митингот на партијата во центарот на Белград, велејќи дека вечерва се обраќа последен пат како претседател на СНП, а дека од утре ќе биде претседател на сите граѓани.
Во својот говор ја повика опозицијата на разговор, но рече дека нема да има преодна влада.
„Додека сум жив, тоа нема да ви го потпишам. Власта ќе се бира на избори и со народна волја“, рече Вучиќ.
Најави формирање на Движење за народот и за државата, а како столб на сето тоа ја повика да биде Српската Напредна Партија. На митингот дојдоа негови приврзаници, кои освен од сите делови на Србија, пристигнаа и од Македонија, од Косово и од Босна и Херцеговина.