Вести Свет Топ вести

Солзавец и шок бомби, 10 повредени во новите тензии на северот на Косово

Сирени за предупредување денеска околу пладне им дадоа знак на Србите да се соберат околу општинските згради во четирите доминантно српски општини на северот од Косово, за да ги спречат новоизбраните градоначалници да ги превземат функциите. Косовската полиција се обиде со солзавец и шок бомби да им отвори пат на градоначалниците, сите од албанска националност кои беа избрани на оспоруваните локални избори кои српските партии ги бојкотираа. Српските медиуми јавуваат дека биле повредени 10 лица, а ситуациајта е најсериозна во Зубин Поток и Звечан, каде наводно биле слушнати и истрели од огнено оружје.

Во четирите српски општини се распоредени косовските специјалци, а во близина на општинските згради има патроли и на ЕУЛЕКС и КФОР. Како одговор на тензиите на Косово, српскиот претседател нареди подигање на борбената готовност на српската армија на највисоко ниво и нејзино распоредување на административната линија со Косово и Метохија.

Последните тензии на северот од Косово започнаа минатата година со колективната оставка на српските градоначалници, советници и пратеници откако премиерот Курти уште еднаш одби да започне со формирањето на Заедницата на српски општини. Не отстапувајќи, косовските власти распишаа вонредни избори за ноември минатата година, кои Србите веднаш најавија дека ќе ги бојкотираат. Наместо во ноември, изборите се одржаа во април годинава, само со кандидати на албанските партии, а на нив гласаа нешто повеќе од 3 проценти од гласачите на тој дел од земјата.

Иако во Брисел редовно се одржуваат преговори меѓу претставниците на Белград и Приштина, а повеќе средби под покровителство на ЕУ и САД одржаа и Вучиќ и Курти, без резултат на терен, поради условите кои ги поставија и двете страни. Белград инсистира на формирањето на Заедницата на српски општини, додека Приштина инсистира Србија да ја признае независноста на Косово.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се формира комисија во врска со детето од Кавадарци

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Израелски сили пресретнаа брод со активисти на пат кон Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе