Вести Свет Топ вести

Украинска специјална операција или внатрешни немири – судири во рускиот регион Белгород

Руски претставници тврдат дека саботери на Украинската армија извеле изненадувачки напад преку границата во текот на вчерашниот ден, при што во еден мал град во регионот Белгород, биле повредени најмалку 8 луѓе.

Властите во Киев негираат дека имаат каква било врска со оваа група и тврдат дека инцидентите и борбите се предизвикани од руски граѓани, незадоволни од  официјален Кремљ.

Ниту една од овие верзии на настанот не може да се верифицира од независни извори, во регионот каде и претходно се случило прелевање од 15 месечната војна во Украина.

Гуверенерот на рускиот регион, Белгород, кој се граничи со Украина, изјави дека саботери на Украинските вооружени сили влегле во градот Граиворон, оддалечен околу 5 километри од границата со Украина.

Градот исто така бил нападнат од Украинската артилерија, додава гувернерот Вјачеслав Гладков.

Според него, најголем дел од жителите го напуштиле регионот, но ситуацијата и натаму останува „тензична“.

  • Има информации дека во овие населби во кои непријателот влегол, има двајца ранети цивили. Досега, безбедносните сили не успеаја да стигнат до нив. Тоа утринава е најважна работа. Се надевам дека ќе успееме да ги евакуираме што е можно поскоро и да ги однесеме во медицинска установа. Нема цивилни жртви досега. Сите неопходни постапки од страна на безбедносните агенции се спроведуваат. Чекаме на завршување на анти-терористичката операција која започна вчера, изјави  Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгород

Во едно од селата во регионот, Замостије, проектил погодил една градинка и предизвикал пожар, во кој е повредена една жена. Руската противвоздушна одбрана соборила и беспилотно летало над регионот Белгород.

Во тек е анти-терористичка операција во рускиот регион а властите вовеле мерки на специјална контрола, вклучувајќи и проверка на личните документи. Запрена била и работата на компаниите кои користат експлозивни, радиоактивни средства, како и хемиски или биолошки опасни материи.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин бил брифиран за наводниот напад на украинските саботери

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе