Вести Свет Топ вести

Ципрас не го прими мандатот, рече дека презема одговорност за изборниот резултат и им се извини на поддржувачите

Ја исполнив мојата инситуционална должност да дојдам и да Ви кажам дека нема да го примам мандатот, бидејќи не произглегува можност за формирање Влада, истакна лидерот на  СИРИЗА Алексис Ципрас на средбта со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Откако претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, согласно формалната уставна процедура, денеска Сакеларопулу го прими лидерот на второ рангираната партија на парламентарните избори.

Ципрас објасни дека нема причина да го прими мандатот, а Сакеларопулу изрази надеж дека на следните избори ќе произлезе Влада.

По средбата во претседателската палата лидерот на СИРИЗА во изјава за медиумите рече дека презема одговорност за изборниот резултат кој за нив бил „болен шок“ и им се извини на гласачите и поддржувачите.

-Лично во целост ја преземам одговорноста за овој резултат, но во мојот морален речник „преземам одговорност“ значи стојам исправен и се борам. И токму ова ќе го сторам. Секако, ја преземам одговорноста и да им се извинам на луѓето кои ги повредивме, стотиците илјади пријатели, борци и гласачи на СИРИЗА и да им дадеме ветување дека заедно ќе се бориме во новата битка, со цел да немаме семоќна, неконтролирана, хегемонична и арогантна Влада. Ова е лошо за демократијата и за земјата, порача  Ципрас.

Со оглед на тоа дека лидерите на Нова демократија и СИРИЗА ги вратија мандатите, Сакеларопулу ќе го покани претседателот на третата партија односно на ПАСОК – Движење на промена.

Станува збор за формална уставна процедура што започна вчера, иако веќе е сигурно дека земјата ќе оди на втори избори, а Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе