Вести Свет Топ вести

Обвинителството во Белград ќе испитува дали постои „запуштање и злоупотреба“ од страна на мајката на малолетникот К. К.

Јавното обвинителство во Белград оформило предмет по службена должност за да се утврди дали во дејствијата на мајката на малолетникот К. К., кој се товари за масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ се содржани елементи на кривичното дело „запуштање и злоупотреба“ на малолетно лице“, јави агенцијата Бета.

Обвинителството испратило барање до Полициското одделение за град Белград за прибирање на потребните информации, кое наредило распит на осомничената М. К. , се наведува во соопштението.

Исто така, побара „да се одржи разговор со педагогот и психологот вработени во училиштето  како и да се преземат сите други мерки и дејствија неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба. Градскиот центар за социјална работа има наредба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетникот К. К. и за ова да го извести обвинителството.

Масовното пукање се случи на  3-ти мај, убиени беа девет деца на возраст од 11 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе