Вести Свет Топ вести

Училиштето „Владислав Рибникар“ одлучи наставата да продолжи, Никола Којо со порака- „дајте им шанса на децата да оздрават“

Наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград каде беа убиени девет ученици на 3-ти мај продолжува со скратени часови, без оценување, именување и со присуство на шест полициски службеници во училиштето во секоја смена, објавуваат белградските медиуми.
Одлуката на Педагошкиот тим е од денеска да продолжи наставата во училиштето, а родителите кои нема да ги пуштат своите деца треба да достават писмо во кое ќе ги објаснат причините.
Претходно беше соопштено дека децата кои не сакаат или не можат да продолжат да присуствуваат ќе можат да останат дома и наредниот период и за тоа нема да им бидат пишувани неоправдани отсуства.
Голем дел од родителите пак бараат школската година да заврши за учениците во тоа училиште.

„Понизно ги молам родителите на децата од „Рибникар“ да не ги праќаат децата на училиште“, напиша на својот Твитер налог Никола Којо.

Тој посочува дека ќе се собираат пари за училиштето, ќе се гради ново, но дека „на тие мали глави не смее да им се врати сликата“.

Којо апелира до родителите да им дадат шанса на своите деца да оздрават, да пораснат и да закрепнат, како и немо да тагуваат за убиените пријатели, другари, чувари и самите себе, „поради судбината што им пресудила да се најдат таму“.

„Само далеку од тоа проклето место ќе станат здрави луѓе, кои некако ќе се справат со таа трагедија. Училиштето ќе заврши, верувајте ми. Не дозволувајте непромислени луѓе да ве претворат во Спартанци! Нежните, емотивни, емпатични луѓе ќе го спасат ова болно општество и оваа незрела цивилизација. А тоа се вашите деца. Насила созреаја и порасна. За жал… ве молам“, им порача Којо на родителите чии деца одат во ова училиште.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе