Руското Министерство за одбрана тврди дека приватната платеничка војска „Вагнер“ го зазеде источниот украински град Бахмут.
Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, исто така, во видео, објавено на Телеграм, тврди дека градот е под целосна руска контрола.
Деветмесечната битка за Бахмут го уништи 400 години стариот град во источна Украина во која убиени се десетици илјади луѓе во разорната демонстрација на стратегијата на Украина за исцрпување на руската војска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, негира дека Бахмут е во руски раце.
Без разлика, малиот град беше повеќе симболична отколку стратешка вредност за двете страни.
Во битката за Бахмут, украинската војска имаше за цел да ги исцрпи ресурсите и моралот на руските трупи додека Украина се подготвува за голема контраофанзива во 15-месечната војна.