Вести Свет Топ вести

Масовен руски напад со дронови – Украинците тврдат дека ги собориле сите 18

Украински воени претставници соопштија дека 18 руски беспилотни летала во текот на ноќта биле соборени над Киев.

„Сите откриени воздушни цели беа уништени од нашата противвоздушна одбрана“, напиша денеска шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко во објава на Телеграм.

По напад со дрон избил и пожар во станбена зграда, но нема жртви.

Експлозии го потресоа и градот Чернихив, североисточно од Киев.

Неколку експлозии се пријавени во пристанишниот град Мариупол во Азовското Море, кој беше окупиран од Русија. Руските медиуми јавија дека експлозии имало и на аеродромот во градот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе