Вести Свет Топ вести

Атиќ положи заклетва како нов градоначалник на Северна Митровица, косовското знаме на општинската зграда

Ерден Атиќ положи заклетва како нов градоначалник на Општина Северна Митровица, јавуваат косовските медиуми.

КоССев пренесува дека Атиќ положил заклетва во присуство на 13 советници и на тој начин станал прв албански градоначалник на Северна Митровица. Негова заменичка ќе биде Катарина Аџанчиќ.

По свеченоста, Атиќ порача дека ќе работи за сите граѓани, со цел да се олесни нивниот живот, но и да се нормализира ситуацијата, објавија „Репортери“.

Како што додава КоССев, знамето на Косово е истакнато на зградата на Општина Северна Митровица и пред објектот се присутни бројни новинарски екипи. Во веста се додава дека косовската полиција, во пресрет на седницата, со асистенција на пајак службата отстранувала автомобили кои биле паркирани во близина на кружниот тек, непосредно до главниот мост, кој инаку е затворен за сообраќај.

Атиќ победи на вонредните избори што се одржаа на 23 април на кои излезноста беше само 3,47 отсто, пришто освои 66 отсто од гласовите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе