На социјалните мрежи се појави видео со тросед кој одлета во воздух од зграда со 35 ката во големото невреме што ја зафати Анкара. Онур Калмаз, кој го сними видеото, за турската новинска агенција Демиморен рече дека нема повредени во инцидентот, пренесува „Би-Би-Си“.
„Кога почна невремето погледнав надвор да го проверам автомобилот и видов што се случува. Поради силниот ветар, почна да лета покуќнина од терасата. Телефонот ми беше во рака и веднаш почнав да снимам“, изјави Калмаз.
За време на невремето, кое беше проследено со ветрови со брзина од 45 км./ч., е повредено најмалку едно лице, при урување на минаре на џамија. „Гардијан“ пренесува дека ветарот оштетил покриви на неколку станбени објекти, но и на еден трговски центар, а пријавени се и скршени прозорци и откорнати дрвја во делови на градот.