Издадено е предупредување за опасност од цунами по земјотресот со јачина од 7,7 степени по Рихтер што е регистриран југоисточно од островот Лојалити во Нова Каледонија, француска територија во Тихиот Океан, соопштија властите.
Американскиот систем за предупредување за цунами информира дека бранови со висина од еден до три метри се можни во Вануату, додека бранови со висина од 30 сантиметри до еден метар се можни на Фиџи, Кирибати и Нов Зеланд, пренесува „Гардијан“.
Според геолошкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 38 километри.