Членството на Украина во Европската Унија (ЕУ) може да ја ЕУ да се откаже од идејата за прием на Турција во организацијата, пишува „Политико“.
Во текстот се истакнува дека такво нешто би можело да биде олеснувачки за некои земји членки, доколку Реџеп Таип Ердоган го победи Кемал Киличдароглу во вториот круг на претседателските избори во Турција.
„Во еден момент ќе мора да ставиме до знаење дека Украина и Западен Балкан се последни кои ќе влезат во ЕУ. Незамисливо е ЕУ да ги прими и Турција и Украина, бидејќи пазарот нема да издржи такво нешто“, изјави неименуван висок европски службеник.
„Политико“ додава дека лидерите на земјите на ЕУ, најверојатно, ќе почнат со процесот на преговори за членство со Украина на самитот во декември, пренесува „Спутник“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 28 февруари лани го предаде барањето за членство на Украина во ЕУ. Официјален Киев во јуни доби статус на кандидат. Европската комисија во февруари оваа година наведе дека Украина во целина сè уште е на почетоно ниво на подготовките за членство, а во април изјави дека не постои скратен начин за влез на Украина во ЕУ.
Во Турција, пак, во неделата се одржа првиот круг на претседателските избори на кои Ердоган освои 49,51 отсто гласови, додека неговиот ривал и кандидат на опозицијата, Кемал Киличдароглу – 44,48 отсто. Вториот круг е закажан на 28 мај.