Вести Свет Топ вести

Жестоки руски воздушни напади на Киев – Украинците тврдат дека собориле најголем дел од проектилите

Киев ноќеска беше повторно цел на жестоки руски воздушни напади, кои од официјалните украински претставници се опишуваат како исклучително жестоки.

Украина тврди дека најголем дел од 18-те проектили биле соборени од противвоздушната одбрана на небото над главниот град на државата.

Најмалку три лица се повредени во баражот, при што се тврди дека русите користеле дронови и ракети.

Во последните неколку недели, Русија ги интензивираше воздушните напади, пред очекувана Украинска офанзива.

Само за еден месец, ова беше осмиот руски ракетен напад во главниот град на државата.

Невообичаено голем број гласни експлозии се слушнале во центарот на Киев а властите преку онлајн пораки ги информирале граѓаните дека била активирана против-воздушната одбрана.

Според украинците, Русија го нападнала Киев од север, југ и исток.

Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, остатоци од уништените проектили паднале во населбите во центарот на градот, вклучувајќи ја и Зоолошката градина.

Најтешко погодена била населбта Соломјански, каде е сместен и меѓународниот аеродром.

„Се слушнавме. Дури и нашите прозорци се тресеа. Но, фала му на Бога, немаше проектили во нашата населба. Имам болка, страв, нервоза, немир. Боже, ја чекаме победата и кога сето ова ќе биде завршено“ – вели 64-годишната жителка на Киев, Валентина Миронец.

„Сите мои пријатели и соученици ги слушнаа. Беа многу загрижени. Една од ракетите паднала во близина на куќата на еден мој другар. Мислам дека ова е многу лошо“ – додава нејзиниот помлад сограѓанин, Георги Пирвели.

Русија ги обнови нападите на Киев на почетокот од месецот, по паузата од повеќе од 50 дена. Украинските власти веруваат дека стратегијата на Москва е да ја истроши противвоздушната одбрана на главниот град на државата, која според нив била исклучително успешна во уништувањето на најголем број од употребените ракети и дронови.

Последните денови, украинскиот претсеадател Володимир Зеленски беше на дипломатска офанзива во Европа, при што доби ветувања за воена опрема во износ од повеќе милијарди долари од западните сојузници, пред се од Велика Британија, Франција и Германија.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе