Бомбите како докази на судењето за блиндираниот Мерцедес се користени законски, елборираат врховните судии во обрзаложението на пресудата за „Тенк“ за ексминистерката Јанкуловска објавено на веб страната на Врховниот суд.
Одбраната се жалела дека пресудата се заснова единствено на аудио снимките кои се стекнати на незаконит начин и чија автентичност Јанкуловска ја оспорува. На тој начин и била утврдена вина со докази добиени од кршење на човекови права спротивно на Eвропската конвенција за човекови права и домашните закони.
Врховните судии оцениле дека нема повреди. Со законот за СЈО бомбите добија системска законска поткрепа, како легални докази во кривичната постапка потврдувајки го приоритетот на јавниот интерес, наспроти загарантираната приватност на граѓаните, пишува во пресудата. Според Врховен, бомбите во „Тенк“ ниту се единствен доказ против Јанкуловска, ниту се прибавени на незаконит начин а одбраната имала можност да ги слуша и да ја доведе во прашање нивната автентичност и употреба уште додека се изведуале како докази на судењето.
Не треба да се занемари фактот дека осудената како носител на јавна функција во критичниот период – Министер за внатрешни работи, согласно своите надлежности и овластувања била обврзана да се грижи за заштита на приватноста на граѓаните и нивната правна сигурност, притоа истовремено водејки грижа за севкупното законито работење, се вели во пресудата за јанкуловска.
Бомбите како докази одбраната ги спори од првиот ден а најавуваа дека ќе ги спорат и пред судот во Стразбур. Минатата недела од ЕСЧП за Телма потврдија дека кај нив пристигнале околу 12-тина апликации кои се однесуваат на употреба на прислушуваните разговори во кривичните постапки на СЈО, но не прецизираа од кого се, ниту дали овие апликации успеале да го поминат првиот филтер на судот во Стразбур. Еден од условите за судот во Стразбур да ја разгедува апликацијата е да бидат искористени сите правни лекови во земјата од која доаѓа жалителот.
Во оваа пресуда не се спомнува аболицијата на Иванов затоа за „Тенк“ Јанкуловска не добила помилување па одбраната не го користела тој аргумент во жалбите.
За Врховните судии неосновани се и жалбите на Јанкуловска за вештачењето но и тврдењето дека и било повредено правото на одбрана поради тоа што судијката закажувала рочишта за краток период. Според Врховен, Кривичнот суд закажувал рочишта почитувајки го начелото за судење во разумен рок, а ги отфрлиле и наводите дека на ексминистерката дека била дискриминирана. Одбраната за цело време тврдеше дека делото е застарено но и највиоскиот суд не се согласил со нив.
Елена Ивановска Мукоска