Вести Свет Топ вести

Украинците тврдат – руското напредување во застој, ја стабилизиравме ситуацијата во и околу Бахмут

Руската офанзива е запрена, а ситуацијата на фронтот во и околу Бахмут е стабилизирана, тврди началникот на генералштабот на украинската војска. Валери Залужни порача дека руските трупи се екстремно исцрпени, што им овозможило на украинските сили да ги засилат своите позиции. Украинското министерство за одбрана, но и британското, во своите дневни билтени изразуваат верба дека новонастанатата ситуација во Бахмут довела до судир руската војска и платеничката група Вагнер.

„Благодарејќи на неизмерните напори на одбранбените сили, ситуацијата успеавме да ја стабилизираме“, напиша Залужни на Фејсбук.

Командантот на украинските копнени сили Олександар Сирски најави дека украинската армија многу скоро би можела да почне контраофанзива против руските сили во Бахмут. Ваквите најави на двајцата воени претставници доаѓаат по посетата на претседателот Зеленски на линијата на фронтот кај Бахмут.

Меѓународниот комитет на Црвеникот крст објави снимка од достава на пакети со помош во близина на линијата на фронтот кај Бахмут во кој има 500 лица.

Бахмут пред почетокот на руската инвазија имаше околу 70.000 жители. Сега е град во кој, речиси, да нема цивилно население и точка на најдолгата и најкрвавата битка од почетокот на војната.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе