Вести Свет Топ вести

Русија ги потврди наводите на Украина – да, употребивме Кинџал како одмазда за нападот во Бријанск

Руски борбен авион Миг 31К, носач на хиперсонична крстосувачка ракета од типот Кинџал, повторно предизвика предупредување по полетувањето од базата Мачалушчи која се наоѓа на 15 километри од белорускиот главен град Минск.

Авионот засега врши демонстративни дејства во придружба на три ловци Су-27 и Су-30. Поради тоа, но и поради утринските напади на територијата на цела Украина, повторно е прогласена опасност од воздушни удари.

Русија ги потврди украинските наводи дека во знак на освета за нападот во Бријанск на 1 март, употребила шест хиперсонични ракети ракети Кинџал (тип Х47М2).

Хиперсоничната крстосувачка ракета има боева глава која може да биде конвенционална или нуклеарна од 100 до 500 килотони. Максималниот радиус на летот на ракетата е 3.000 километри. максималната брзина е 10 до 12 маха, а од целта може да отстапи 1 метар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе