Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус изјави оти Бундесверот (германска војска) не е доволно силен да ја одрбани земјата.
„Немаме вооружени сили кои би се одбраниле при соочување со напад“, рекол Писториус пред пратениците, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на извори од кругови на парламентарната група на Социјалдемократската партија.
Потсетувајќи на обврските на неговата земја кон НАТО, Писториус навел дека Германија мора да ги исполни кон Алијансата.
„Мораме да ги исполнуваме. Секогаш од почеток. Тоа не го правевме во минатото“, порача германскиот министер за одбрана.
Писториус укажал и дека оружје и опрема, што се потребни за германската војска, мора да бидат купени без одложување.