Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се суспендира учеството на Русија во Договорот за контрола и ограничување на нуклеарното оружје „Нов Старт“.
Руската Федерација го суспендира договорот со Соединетите Американски Држави за мерки за намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје, што беше потпишан во Прага на 8 април 2010 година“, објавија руските власти. Договорот беше потпишан од поранешните претседатели Барак Обама и Димитриј Медведев во април 2010 година.
Тој стапи на сила во февруари 2011 година и требаше да трае до февруари 2026 година. Со него САД и Русија се обврзаа да немаат повеќе од 700 интерконтинентални балистички ракети на копно и во подморниците и дека на нив и стратешките бомбардери нема да имаат повеќе од 1.550 нуклеарни боеви глави.