Вести Свет

Борел ги повика земјите да и се придружат на Германија во испраќањето тенкови во Украина

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги повика земјите да и се придружат на Германија во испраќањето тенкови во Украина, во интервју објавено денеска, откако медиумите објавија дека Данска и Холандија се откажале од испраќање тенкови „Леопард 2“ во Киев.

Земјите мора да испорачаат што е можно повеќе тенкови, што е можно побрзо. Би било многу разочарувачки ако сега, откако го вперија прстот кон Германија што не направи ништо толку долго, тие земји не го сторат тоа, изјави Борел за германската телевизија Феникс.

Повикувајќи се на извори, германскиот дневен весник „Ди Велт“ денеска објави дека холандската и данската влада се откажале од испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина.

Знам дека има стотици тенкови во армиите на ЕУ, од кои некои треба да се обноват, но тогаш треба да го направите тоа и брзо, бидејќи напролет ќе биде предоцна, рече тој.

Холандија соопшти дека не го променила ставот за можното испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе