Вести Свет Топ вести

Башар ал Асад се согласи да отвори уште два премина за помошта да стигне до погодените од земјотресот во Сирија

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја поздрави одлуката на сирискиот претседател Башар Ал Асад да ги отвори двата премини Баб ал-Салам и Ал Раи за да се овозможи испорака на хуманитарна помош од Турција до деловите на северозападна Сирија кои се под контрола на бунтовниците.

– Додека бројот на жртвите од земјотресот на 6 февруари продолжува да расте, доставувањето храна, лекови, храна, заштита, засолништа, зимски резерви и други средства за спасување на сите милиони луѓе погодени е од крајна итност, нагласи Гутереш во изјава.

– Отворањето на овие премини – заедно со олеснувањето на хуманитарниот пристап, забрзувањето на одобрувањата на визите и олеснувањето на патувањето меѓу центрите – ќе овозможи повеќе помош да оди побрзо, додаде тој.

Во моментов, на ОН им е дозволено да достават помош во северозападната област Идлиб само преку единствен премин во Баб ал-Хава, на инсистирање на сирискиот сојузник Русија.

Сирискиот претседател Башар ал Асад претходно се согласи да отвори два нови премини од Турција кон северозападниот дел на земјата кој е под контрола на бунтовниците, за да може да се достави неопходната помош до милиони Сиријци погодени од земјотресите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе