Вести Македонија

Османи во Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ – главна цел е поттикнување на разговорите меѓу Кишињев и автономната област Транснистрија

Известувач од Кишињев

Огнен Чанчаревиќ

Македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи, во својство на претседавач на ОБСЕ, денеска пристигна во дводневна посета на Молдавија и мисијата на ОБСЕ во оваа држава. Главна цел на посетата на Османи е да се поттикнат и да продолжат разговорите меѓу Молдавија и автономната област Транснистрија.

Посетата на Османи се случува во време на сложена политичка состојба во Молдавија по оставката на премиерот Наталија Гаврилита и притисокот од Русија и конфликтот во Украина.

Инаку, прва станица на Османи, како претседавач на ОБСЕ, беше центарот за дистрибуција на хуманитарна помош за бегалците од Украина кои се наоѓаат во Молдавија. Донации од храна, облека и средства за хигиена кои пристигнуваат во центарот, група волонтери ги сортираат и ги подготвуваат во специјално наменети пакети. Неделно и до 4.000 вакви пакети се дистрибуираат до бегалците.

Во рамките на посетата како претседавач со ОБСЕ, Османи утре ќе има средби со претседателката на Молдавија, Маја Санду, со заменик премиерот и министер за надворешни работи, Нику Попеску и со заменик претседателот на владата и министер за реинтеграција Олег Серебриан. Утре Османи ќе има средби и со претставникот на Транснистрија или Приднестровје, Владимир Красноселски и нивниот главен преговарач Виталиј Игнатиев.

Транснистрија е автономен дел од Молданија уште од 1990 година со територија од 4.500 квадратни киломери и околу 650.000 жители, главно Руси или проруски ориентирани. Оваа област не е призната од ниту една држава во светот.

Преговорите меѓу Молдавија и Транснистрија за реинтеграција во моментов се во застој, а се одвиваат во формнат 5+2, односно под покровителство на ОБСЕ, ЕУ, САД, Русија и Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе