Вести Свет

Протести во Ерусалим поради реформи на судството

Во Израел денеска се одржуваат масовни протести поради плановите на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го потчини судството на Владата.

Според весникот Харец, десетици илјади граѓани се собраа пред Кнесетот во Ерусалим, а лидерите на опозициските партии пред протестот порачаа дека станува збор за вонредна состојба и дека нема „да дозволат уништување на државата Израел“.

На протестот се приклучија и православните Евреи, кои пред Ѕидот на плачот рецитираа молитви за благосостојба на Израел.

Покрај тоа, во собраниската комисија на израелскиот Кнесет, опозициските пратеници се обидоа да ја попречат работата и да ја спречат комисијата да го испрати законот на пленарна седница и гласање.  Опозиционерите удараа по масите, извикуваа „Срамота“ и „Немаме друга држава“, не дозволувајќи му на претседателот на комисијата, Симча Ротман, да го стави предлогот на гласање.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе